е регионален фестивал за современа уметност кој вклучува визуелни и изведувачки уметности, музика и теорија на култура.
Целта на Акто фестивалот е отворање на културните рамки на едно современо општество преку нивно “репоставување” и дефинирање во нов контекст. Акто фестивалот својата програма ја базира врз основа на два концепти.
Првиот концепт е просторот.
Просторите на Акто фестивалот се трансформираат во однос на нивните претходни значења. Основната идеја на фестивалот е излегување на уметничките форми од стандардните за нив простори (галерии, музеи, театри) и нивно поставување во нови (физички) простори.
Преместувањето на уметничките форми во нови простори доведува до трансформација на самото уметничко дело (по параметарот простор).
Вториот концепт е темата на фестивалот.
Темата на АКТО_6 фестивалот е Работи (никогаш)!
После завршениот 5 годишен циклус, од оваа година се одлучивме темата да биде диркетно поврзана со социјалниот контекст, да комуницира живо со контекстот, да провоцира нервира и запрашува...
темата е директно инспирирана од графитот на Ги Дебор од 50-те години во Париз Ne travaillez jamais / РАБОТИ НИКОГАШ! Ние интервениравме малку во темата РАБОТИ (НИКОГАШ )! сакајќи одново да го преиспитаме односот кон работата во денешен контекст. Работите се сменија како и односот кон трудот, неговата материјална, но и интелектуана вредност.
Конкретно во контекстот на Битола, идејата за работа има многу смисла, да не работиш е стил. Во Битола неработењето се пренесува фамилијарно од колено на колено, што е многу важно за авторите од страна коишто ќе делуваат во овој контекст.